УЧИЛИШЕН ИНФОРМАТОР

Средби на основци

24.09.2019 15:46

Преку интерактивни работилници се бришат меѓуетничките бариери кај учениците и се промовира интеграција, толеранција и соживот со различните од нив.

На 19-ти септември ОУ „Ванчо Николески“  Лескоец, Охрид беше домаќин на наставници и ученици од нивното партнер училиште „Јунус Емре“ од с. Лисичани, општина Пласница. Заедничката средба која се одржа во подрачното училиште во Косел, воедно е прва фаза од добиениот грант за Проектот за меѓуетничка интеграција, во чии рамки се реализираа 6 работилници со учество на вкупно 50 ученици и 20 наставници. Учениците од двете училишта на интерактивен начин, а под водство на тандеми од наставници, учествуваа во биолошко - хемиска, географска, германска, македонско - турска, спортска работилница, како и психолошка работилница за препознавање и справување со врсничко насилство.

Целта на ваквите средби е преку интерактивни работилници да се бришат меѓуетничките бариери кај учениците, како и да се промовира интеграција, толеранција и соживот со различните од нив. Втората фаза од проектот што ќе биде продолжение од овие работилници, а ќе се реализира во октомври во ОУ „Јунус Емре“ во Лисичани.

Подготви

Радмила Гиевска