ЦРВЕН КРСТ

ПХВ дефиле во 11.00 часот, во секој град низ државата

25.09.2019 09:32

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности

Секоја година од 21 до 27 септември во рамки на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува недела на Промоција на хумани вредности,. По тој повод ,денеска со почеток во 11.00 часот,ќе започне  ПХВ дефиле   во секој град низ државата. Младите сите заедно, моќно ќе пратат порака за вклучување, соживот, толеранција и мир.

Во рамки на неделата за Промоција на хумани вредности ќе се организираат креативни работилници на кои ќе се изработат пораки за вклучување, мир, разбирање под мотото

Дефилирај, не се фолирај!” 

Во Скопје настанот ќе започне во 11.00 пред СУГС ”Орце Николов”, и 500 лица ќе се движат по бул. Илинден до крајната дестинација „Школка“ во Градски парк каде ќе има и пригодна програма. Рутата за дефиле ќе биде во должина од 2 км и за време на дефилето, учесниците ќе ги придружува Градскиот оркестар. Долж рутата, ќе дефилираат млади волонтетери, ученици, студенти, лица од трето доба, лица со попреченост... заедно во името на хуманите вредности.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ)   претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Северна Македонија.Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. Тие во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добро на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на луѓето од ранливите категории.

Јасмина Никова