СТОПАНСТВА

Купување на земјиште под оранжерии

25.09.2019 10:46

Во следните 2 месеца сопстевениците на оранжериите можат да поднесуваат барања за купување на земјиштето под овие објекти. Со овој повик треба да се реши проблемот на градинарите чии стакленици се во нивна сопственост, но се изградени на државно земјиште. Јавниот повик важи и за помошните објекти кој се наоѓаат во стопанските дворови.

Право на учество на јавниот повик имаат физички и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и на помошните објекти во стопанскиот двор.

Комисијата во министерството за земјоделство во рок од 30 дена доставува листа на понудувачи кои ги исполниле условите, а по согласноста добиена од Владата ќе се склучуваат договорите.

Со овој јавен повик сопстевениците ќе имаат можност да го купот земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост.

Проблемот настана кога инвеститорите пред неколку години ги купуваа оранжериите, но немаше можност да го купуваат и земјоделското земјиште кое остана под закуп.

Со стекнувањето на имотни листови земјоделците ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација, но и ќе можат да го остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.