УЧИЛИШЕН ИНФОРМАТОР

Потсетник од децата за родителите

25.09.2019 11:17

Немојте со мене со сила.
Така ќе научам дека само силата се признава

Немојте да ме разгалите. Многу добро знам дека не можам да имам сè што ќе посакам. Јас само ве проверувам.

Не плашете се да бидете строги со мене. Тоа ми се допаѓа.

Ми покажувате каде ми е местото.

Не бидете недоследни.Тоа ме збунува и ме тера да бегам од секаква обврска.

Немојте со мене со сила.

Така ќе научам дека само силата се признава. Со задоволство ќе реагирам на совет.

Не ветувајте премногу. Можеби не ќе можете да го одржите ветувањето и тогаш ќе ја изгубам довербата во вас.

Не верувајте им на сите мои провокации кога правам и кога кажувам работи само да ве налутам. Можеби се обидувам да дојдам до уште една „победа“.

 

Подготви

Радмила Гиевска