ДЕЦА

Воспитувањето деца и дигиталното време

25.09.2019 12:33

Опасноста се крие во неумерената употреба на телефоните и компјутерите

Паметните телефони, но и технологијата воопшто, многу ни ги олеснува животите. Полесно и побрзо комуницираме, се договараме, поефикасно ги одработуваме работните задачи. Меѓутоа, постојат и негативни ефекти од прекумерното користење  паметни  телефони, а посебно кога станува збор за деца во годините кога се формираат. Истражувањето за подигнување на свеста за одговорното користење на технологијата, евентуално треба да помогне во согледувањето на пошироката слика во контекс на родителите, децата и паметните телефони.Од одговорот на поголемиот број испитаници кои своите деца ги казнуваат со забрана за користење на телефоните, видливо е дека општеството и начинот  на воспитувањето на децата многу се променети во изминатите неколку години, што покажува  и на пошироката употреба на технологијата во секојдневниот живот на децата. Пред неколку години мобилните на децата најчесто им се даваа пред да тргнат во средно училиште, а денеска ако на основците им се забрани користењето мобилен, тоа би била најголемата можна казна. Во испитувањето спроведено од Хуавеј, 32% од испитаниците одговориле дека секојдневно користат мобилен додека возат, додека повеќе од половина од нив најчесто го користат за прегледување на социјалните мрежи. Истражувањето покажало дека 56% од родителите изјавиле дека нивното дете не го носи мобилниот во училиште, а 37% од нив инсистирале дека користењето  мобилен треба да се забрани. Ветувачки звучи податокот дека огромни 65% од испитаниците потврдиле дека го поддржуваат секојдневното учење и образование со помош на паметен телефон или компјутер. На прашањето ,, на кој начин им го им  го ограничуваат на децата пристапот до паметните телефони и компјутерите”, најмногу се оние (38%) кои тоа го прават со усно предупредување, а (18%) на детето му дозволуваат користење на телефонот само со присуство на постара личност. Во ова истражување е и бројот од 17% од испитаниците кои им го лимитираат пристапот до одредени страници, додека 12% од родителите воопшто на никој начин не го предупредува своето дета за прекумерното користење на мобилниот. Останатиот процент од испитаниците на ова прашање одговориле со ,,нешто друго”. Но звучи охрабрувачки тоа што 53% од испитаниците тврдат дека нивното дете кое е помладо од 13 години дневно поминува не повеќе од еден час пред екранот и тоа време го користат за гледање цртани или слушање музика, што е потврдено од 36 % од родителите. Следни на ред се игрите (29%), па социјалните мрежи (14%) и едукативни содржини (11%). Иако мобилните првенствено имаат позитивна улога, повеќето деца поради недоволната контрола многу често деновите ќе ги поминуваат нурнати во  екранот. Поради тоа стручњаците ги советуваат родителите за доследен пристап  во давањето мобилен, а посебно кога се работи за помалечки деца. Опасноста се крие во неумерената употреба. Децата брзо развиваат зависност, поради хормоните кои го даваат чувството на среќа секогаш кога ќе се освои ново ниво од играта. Така всушност добиваат се- исчекување, радост, тага, среќа, напнатост, лурење и сето тоа се решава безболно и за 15 минути се менуваат десет емоции. Ова не е реално во вистинскиот живот, така што животот во виртуелниот свет станува поинтересен, подинамичен, децата губат чувство за реалност и бараат тие потреби веднаш да ги задоволат. Што се однесува до временското ограничување поминато со мобилниот, 78% од испитаниците токму тоа го сметаат за клучно и потребно во воспитувањето на детето, додека 22% од родителите не гледа никаков проблем во целодневното користење на технологијата. Телефоните и таблетите, телевизорите, игрите и сличните работи, ако не се користат примерно, можат да им попречуваат на децата во извршувањето на нивните активности. Децата можат да се изложат на сајбербулинг, зависност од игри или пак дополнителни трошоци за родителите. Но во истовреме технологијата ни овозможува повик за помош во секое време и на секое место ако ни притреба, достапност, поголема информираност или пак забава. Дигиталното време ни носи големи промени и затоа технологијата треба да ја употребуваме внимателно и за развој на сопствениот интегритет, знаење и можности.