Во чест на староградската песна и музика
31-во издание на фестивалот Охридски староградски средби 2019 кое ќе се одржи во петок 27.09

Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура "Григор Прличев" – Охрид.Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века
Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Со обновување на фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли. На 31 0хридски староградски средби ќе учествуваат: Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, Распеани Штипјани – Штип, пеачка група „Веселата Тајфа“– Богданци, ЗП Охрид и Дебрца од Охрид, КУД „Пере Тошев“ – Прилеп, Ансамблот за народни песни Вања Лазарова – Скопје, Тамбурашкиот оркестар Серенада – Тетово,. Распеани Гевгеличани – Гевгелија.Фестивалот ќе се одржи во центарот за култура ,,Григор Прличев”. Почетокот е во 20.00 часот,а влезот е слободен.
