АКЦИЈА

Светска акција за чистење

25.09.2019 12:37

Здружението „Go Green“ чистеше отпад

Здружението „Go Green“ се вклучи во светската акција за чистење на отпад, се чистеше на неколку локации во земјава. Отпад има насекаде околу нас, најчесто граѓаните фрлаат кеси, кои освен што ја загадуваат животната средина-се штетни по здравјето на луѓето.

Здружението се вкулучи и во одбележување на неделата на мобилност, каде една од главните теми беше- Безбедноста на алектричните тротинети.

..„ Ние направивме истражување, односно анкета со средношколците, тие велат дека електричните тротинети се опасни и небезбедни- и затоа е потребно секој кој управува тротинет да носи соодветна опрема( рефлектирачко елече) и да се регулира нивната брзина на движење во градската средина. Потребни се и соодветни патеки, по кои би се движеле“, изјави Антонио Јовановски од здружението „Go Green“

Планетата Земја, е една и единствена. Соодветна грижа и одлагање на отпад во соодветни садови. Чистење на средината во која живееме, користење на алтернативен транспорт и соодветни извори на топлинска еенргија  ќе доведат  до почиста околина и свеж воздух за секој од нас.

 

Новинар: Анита Никушева - Јованчев