БРЕГЗИТ

Парламентот продолжува да работи

25.09.2019 13:45

Пратениците на британскиот парламент се вратија во Вестминстер откако Врховниот суд реши дека суспензијата била незаконска.

Премиерот Борис Џонсон не планира да поднесе оставка. ЕУ ја поздрави пресудата и порача – парламентот не смее да се замолчува, а Џонсон ја губи контролата.

Кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека тој нема да поднесе оставка по заклучокот на Врховниот суд дека суспензијата на парламентот била незаконска. Иако не се согласува со пресудата, ќе ја почитува одлуката. Останува на ставот дека Обединетото Кралство мора да ја напушти Европската унија во одредениот рок, со или без договор. Во Генералното собрание на ОН, Џонсон го спореди процесот за Брегзит со настан од грчката митологија.

Борис Џонсон - Премиер на Обединетото Кралство

Ова е тема којашто е стара колку и книжевноста, секој научен напредок е казнет од Боговите. Кога Прометеј му ги донесе огнот на човештвото, Зевс го казни со тоа што го окова во пеколот на Тартар каде што му го колваа црниот дроб.  И секој пат кога ќе му зараснел, орелот се враќал и одново го колвал. Ова траело вечно, слично како искуството со Брегзит во Обединетото Кралство кога некои пратеници добиваа што сакаа.

За опозициските Лабуристи, приоритет е да се спречи сценарио без договор.

Лидерот на партијата за Брегзит Најџел Фараж бара оставка од Џонсон.

Најџел Фараж - Лидер на партијата за Брегзит

Некој ќе оди на самитот на 16-17 октомври во Брисел. Можеби Џонсон, можеби некој друг, и тој ќе бара продолжување. ЕУ ќе реши колку ќе трае пролонгирањето. Најверојатно е дека ќе имаме избори. Не е исклучено и движењето „Бримејн“ да притиска за втор референдум.

Како и политичарите, и граѓаните со поделено мислење за наредните чекори за Брегзит. Но согласни се дека дебатата за Брегзит трае предолго.

Јас не зазедов страна. Не сум гласач. Но имаме проблем зашто во овој свет политичарите се кловнови. Не знаат што прават. Не ги знаат ни законите.

Ако се гласа пак, на референдум, ќе анализирам и истражувам повеќе. Ја загубив довербата во одговорните лица.


Ме загрижува што премиерот помислил дека ќе протурка нешто незаконско. Добро е што се докажа дека е така. Секој парламент си има ставови, но премиерот мисли дека тоа може да му го попречи процесот на Брегзит.
 

За Европската унија, крајната цел е да се постигне договор за Брегзит.

Наташа Бертуд - Портпарол на Европска Комисија

Не е наше да коментираме за внатрешните уставни прашања на Обединетото Кралство. Наш преговарач е владата на Обединетото Кралство и така и ќе биде. Другите пресуди ви ги оставам вам.

31 октомври е датумот на кој Лондон официјално треба да се раздели од Брисел.