Младинска размена во рамките на Еразмус
За време на проектот, младите учеа за локалното културно наследство за различни делови од Европа и како истото да го зачуваат за идните генерации

Во периодот од 10-19.09.2019 година ученици од VIII и IX одделение од ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје, учествуваа во младинската размена во рамките на Еразмус+ КА105 проект „Да го зачуваме минатото за идните генерации“, која се одржа во Вуковар, Хрватска. На младинската размена учествуваа 44 учесници од Хрватска, Македонија, Естонија и Турција, на возраст од 13-15 години под раководство на 2 лидери (наставници) од секоја држава. За време на проектот, младите учеа за локалното културно наследство за различни делови од Европа и како истото да го зачуваат за идните генерации. По враќањето, учениците од ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје го споделија своето искуство и наученото со останатите ученици и наставници во училиштето.
Подготви
Радмила Гиевска
