Посевите добро напредуваат, но студен бран може да им наштети
Топлиот февруари не им наштети на есенските посеви. Tие добро се развиваат, но студен бран би имал последици врз производството. Условите се погодни и за пролетната сеидба.

Земјоделските култури добро се развиваат иако има високи температури за овој период од годината. Проблем може да доколку тие драстично се намалат.
„Недостигот на влага во почвата донекаде е корисен бидејќи ја успори вегетацијата“, вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог од Управата за хидрометеролошки работи.
Топло зимско време имало и претходно. Во Македонија лани првите февруарски денови биле потопли и од годинава.
Експертите советуваат земјоделците да внимаваат на прихранувањето на посевите.
Во вакви услови да биде со течни ѓубрива кои полесно се впиваат, бидејќи цврстото ѓубриво ќе остане нерастворено и азотот ќе испари без корист за растенијата.
Методија Трајков
