Како да се исчисти негативната енергија
Со векови е познато дека местото на живеење има силно влијание на човечкото биополе. Затоа е потребно домот добро да се исчисти од негативни енергии и да се освети.

Со векови е познато дека местото на живеење има силно влијание на човечкото биополе. Кога се одбира простор за живеење треба да се води сметка за штетните зрачења од космичката енергија или од техничките зрачења, од подземните води, но, и за енергијата на претходните станари. Затоа е потребно добро да се исчисти и да се освети домот. Па и во постоечкиот простор треба да се чисти редовно зашто се собираат разни енергии од сите луѓе што влегуваат и излегуваат од домот
Како да се исчисти домот од негативна енергија и штетни зрачења? Исполнете го домот со светлина и ослободете се од стари работи. Доколку живеете многу години во ист дом и трупате разни предмети во станот, подрумот, таванот, тоа мора да се расчисти за да не ве врзува тешка енергија за минатото и да не спречува проток на нова, свежа енергија. Значи, задолжително чистење и ослободување од стари работи, особено ако биле сведоци на некои лоши случувања. Вратата мора да се отвара до крај зашто тоа го ограничува животниот енергетски ток. Тргнете сѐ што и пречи на вратата ширум да се отвори, па дури и алиштата што висат зад врата. Ходниците се артерија на вашиот дом и сите стари и натрупани работи сметаат на дотокот на нова и добра енергија. И плакарите треба да се ослободат од стари и непотребни работи. Сѐ што е старо и одмна неупотребено само ќе ви пречи да напредувате. Квалитетот на нашиот живот се зголемува кога куќата е исполнета со светлина. Застоената енергија сака темница, а нова доаѓа со сонцето и со светлината. Ова особено се однесува на ќошињата, пукнатините и други темни места. Убаво е да се кади со темјан, со жалфија, ловоров лист. Би било добро секој предмет да се исчисти со солена вода и алкохолен оцет. Тоа важи и за вратите и за подовите. Солта е извионреден чистач на негативната енергија. Добро е да се става по малку солени кристали во ќошињата и често да се менува, бидејќи солта впива разни негативни енергии. Може да се направи и тест колку негативна енергија има во некој простор. Во една чаша треба да се стави третина вода, третина сол и третина оцет. Се остава 24 часа на одредено место и утредента се гледа дали има промени, дали е заматена или со многу меурчиња. Ако е така, значи дека оваа комбинирана течност ја насобрала негативната енергија и таа треба да се исфрли од домот. Се става нова се додека просторот не се исчисти сосема. Прозорците исто така треба да бидат чисти, а не замачкани.
Убаво е да се енергизира просторот со попрскување изворска или со светена вода која носи убави информации и ги неутрализира негативните влијанија. И маслото од лаванда стимулира позитивна атмосфера во домот. И сите електрични апарати, особено ако ги има многу во еден простор создаваат нервоза стрес поради штетните зрачења. Внесете повеќе растенија кои ги апсорбираат штетните зрачења, а и естетски делуваат на расположението и создаваат пријатна атмосфера. Лошото влијание на геопатогените зони може да се неутрализира со диви костени кои можете да ги ставите под кревети, под перница и насекаде каде што мислите дека има зрачење.
Собните билки со поголема крошна и дебели месести листови ја впиваат непотребната енергија и штетните зрачења. Внимавајте да не бидат со остри и боцкави листови.. Домашните миленичиња се непогрешливи во откривање на штетни зони во домот. Мачките ги обожаваат геопатогените зони, а кучињата пак, не ги поднесуваат. Затоа никогаш не спијте на место на кое мачката сака да седи, но, следете го осетот на кучињата. Во суштина животните му помагаат на човекот за да има порелаксирана животна средина ја собираат негативната енергија. Има уште многу други практични совети за чистење од негативна енергија, а на вас останува да го направите изборот за домот да ви биде што по благороден за живеење
Соња Стојановска
