Пријавување за субвенции за набавка на добиток
Фармерите кои од почетокот на годинава ги обноволе свињарските фарми , можат да аплицираат за субвенции.

Oгласот ќе трае до први октомври годинава, а финансиската поддршка изнесува до 6,5 милиони денари по корисник. Барањата ќе бидат рангирани според правилник.
До први октомври фармерите кои одгледуваат свињи ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи од увоз или од признати организации.
Висината на финансиската поддршка изнесува до најмногу 6,5 милиони денари по корисник, а право на користење на средствата од оваа мерка имаат сите земјоделци кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и другите услови. Еден барател може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.
Аплицирањето е исклучиво по електронски пат, а сточарите може да побараат помош во подрачните единици на министерството или советодавната агенција.
Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за
претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.
