Активен медицински јаглен-како се користи и дозира
Активниот јаглен се смета за најефективен и најсилен самостоен агенс на светот. Тој е фин црн прав, без вкус и мирис, и не е штетен. Има примена во медицината, во прочистување на воздухот и на водата.

Активниот јаглен се смета за најефективен и најсилен самостоен агенс на светот. Тој е фин црн прав, без вкус и мирис, и не е штетен. Обично се прави од кората на кокосовиот орев или од бамбус кои се загреваат на многу висока температура за добијат поголемо впивачко својство. Има примена во медицината, во прочистување на воздухот и на водата. Најстарите податоци за негова употреба датираат од 1550 година пред новата ера. Во поново време најчесто се користи за детоксикација и како противотров. Секогаш треба да се има при рака и кога ке ве касне пајак, при случајно голтање отровни хемикалии, труење со храна и проблеми со стомакот. Популарно е и избелувањето на забите со активен јаглен. Медицинскиот јаглен што го купуваме од аптека има способност да апсорбира многу токсини, хемикалии и отрови пред тие да му направат штета на организмот. Секако треба да се голтне навреме најмногу до 1 час по конзумирањето на токсините. Многу е делотворен при труење со храна. Се користи и за третирање цревни гасови, подуеност, за намалување на нивото на холестеролот, спречува мамурност, и се користи за третирање жолчка во текот на бременост. Оваа црна смеса освен што ги избелува забите, ги лекува и непцата и ја регулира ПХ вредноста во устата. Треба да се внимава да не падне на облеката или друга површина зашто остава траги .
Ефикасен е за превенција на кариес, ги убива лошите бактерии, го спречува гингивитисот. Во устата делува исто како во стомакот-ги извлекува сите штетни содржини. Не плашете се од црната боја на вашите заби. Тие по две минутно третирање со четкичка и доброто плакнење ќе бидат побели и помазни.
Активниот јаглен се користи за итна деконтаминација во гастроинтестиналниот тракт. Се смета дека овој благотворен прав апсорбира отрови и до 60%. Тој ги врзува отровните материи низ целата должина на тенкото и дебелото црево и така ја намалува нивната токсичност. Активниот јаглен го регулира и стомачниот грип, помага при дијареа собирајќи ги непожелните бактерии од цревата. Се користи и како лек за чир на желудникот. Треба да се избегнува неговото комбинирање со сладолед и чоколадни сирупи зашто му се намалува дејството. Исто така треба да се избегнува долготрајна употреба затоа што може да ги апсорбира и потребните минерали и витамини, а може да направи затвор на столицата. Доколку се користат лекови потребна е консултација со лекар зашто може да го поништи нивното дејство. Се користи и за рани, гризнувања од змија, и разни инсекти, модринки ,целулитис, поткожни чиреви. Активниот јаглен има широк спектар на употреба па така и во козметички цели. Има благотворно дејство на кожата а особено е добар за акни. Ја извлекува нечистотијата од порите на кожата. Се меша со малку ружина водичка и гел од алое вера, малку етерично масло од чајно дрво и малку морска сол. Од сето ова се прави црна мазна паста која се нанесува на лицето. Ефектот е бласкаво чиста и мазна кожа на лицето. Јагленот ја прочистува и водата ако е загадена апсорбирајки ги токсините и бактериите. Тоа се прави со посебен начин на процедување. Во последно време се става и во тесто за јадење , се прават лепчиња, пици и други тестенини со јагленов прав додаден во брашното. Се прават и колачи, сладоледи, а се поактуелна е црната лимонада. Во секој случај активниот јаглен е корисен за многу работи и треба да го има во секој дом.
Соња Стојановска
