СКОПСКИ МАРАТОН

Виз Ер Скопски маратон

26.09.2019 12:45

„Скопје трча 10 километри”

Во недела- 6-ти октомври 2019 година, ќе се одржи Третата по ред трка “Скопје трча 10 километри“( “Skopje Run 10K”) што традиционално е организирана од тимот на Виз Ер Скопски маратон и Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. “Трката е причина да живееме здрав живот  и да се забавуваме истовремено“- велат организаторите и учесниците.

 

За деталите околу оваа, веќе традиционална  трка, поразговаравме со Гордана Николовска- од Сојузот на спортови на Скопје- “Минатата година околу  1.600 натпреварувачи земаа учество и покажаа колку е важно спортувањето и здравиот начин на живот за здравје и долговечност.Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија и Европската Атлетска Асоцијација. Генерален покровител на трката е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје, со огромна помош и од партнерите и спонзорите. На 4 октомври (петок) ќе биде подигањето на стартните пакети од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Натпреварувачите е потребно да покажат документ за идентификација при подигање на стартниот пакет. 3D мапата е поддржана од Pic2Go кои и оваа година се дел од Skopje Run 10K и од кои секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката”.

 

Се трча еден круг од 10 км.Стартот на трката е во 9.00 часот на 6-ти октомври 2019, пред фонтаната “Лотус” на бул. “Илинденска”. Во штафетната трка учестуваат двајца натпреварувачи и секој трча 5 км. Стартот на трката е во 9.00 часот на 6-ти октомври 2019, пред фонтаната “Лотус” на бул. “Илинденска”.

 

Јасмина Никова