Намалување на селската сиромаштија
Се подобруваат условите за живеење преку проектот на меѓународната организација за храна – ФАО. Овие примери понатаму би требале да се користат како модел за другите рурални средини како да го решат проблемот со нискиот животен стандард во селата.

Во општина Чешиново-Облешево ќе се подобруваат условите за живеење преку проектот на меѓународната орфанизација за храна ФАО, вреден 275 илјади евра што ќе се сроведува до 2021 година.
Проектот треба да им помогне на малите земјоделци и на семејните фарми да ги подобрат условите за живот, да добијат пристојна работа до продуктивно и оддржливо вработување.
Со соодветна подршка избраните пилот заедници ќе можат да бидат модел кој потоа бии се применувал и во другите делови од земјата за постигнување оддржлив локален развој, обезбедување храна и ублажување на руралната сиромаштија.
Според експертите од ФАО постои потреба да се поддржат македонските рурални средини преку интгриран пристап, односно здружување на различни иницијативи за зајакнување на руралните области како подршка за развојот на вредностите, подобрено организирање,засилено и одржливо производство и подобрување на земјоделската инфраструктура.
