Активности од добиен проект на УСАИД
Со поддршка на целокупниот персонал во училиштето, како и родителите од Лескоец, активностите течат паралелно, а наставата и воннаставните активности се реализираат според планираното.

Во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец се реализираат активности од добиениот проект од УСАИД, што е во вредност од 1 200 000 денари, а се однесува на реновирање на сите училници, на училишниот хол, како и на санитарните јазли од учениците. Овој проект се реализира со поддршка од Локалната самоуправа Охрид и од јавните претпријатија во градот. Се оплеменува училишниот двор, се поставува рампа за лица со посебни потреби, се санира водоводната мрежа во училиштето.Со поддршка на целокупниот персонал во училиштето, како и на родителите од Лескоец, активностите течат паралелно, а наставата и воннаставните активности се реализираат според планираното.
Од училиштето напоменуваат дека ќе продолжат да реализираат активности за создавање и подобрување на условите за престој и за развој на учениците во училиштето, како и за подобрување на квалитетот на наставата.
Подготви
Радмила Гиевска
