БОИ

Каква е улогата на боите во животот на човекот

27.09.2019 14:16

Изборот на боите станува важен фактор во животот на луѓето.

Станува одраз на психолошката состојба и животното опкружување, а боите предизвикуваат и физичка и духовна активност.

 

Човештвото во целата своја историја ги толкува,почитува и употребува боите на различни начини. Уште праисториските луѓе ја откриле моќта на боите и ги користеле за сопствените претстави на светот на познатото и на непознатото. Од обично украсување боењето добило поголемо значење во ритуална и во социјална смисла- од естетско доживување, до активирање на творештвото, емоциите и расположението. Изборот на боите станува важен фактор во животот на луѓето. Sтанува одраз на психолошката состојба и животното опкружување, а боите предизвикуваат и физичка и духовна активност. Постои индивидуално но и масовно колективно доживување и реагирање на боите.

Според истражувањата на стручните лица и на психолозите топлите бои се позитивни, немирни, раздразливи, во споредба со студените мирни, одбивачки тонови. Изборот на бои оди по овој редослед –модро сина, црвена, зелена, жолта, портокалова или кафенкасти тонови, пастелни бои, сива, црна и бела.  Жените се 10 пати почувствителни на бои  од мажите.  Црвената боја се смета за највозбудлива, зелената за мирна, а модро сината за студена боја. Црвената повеќе ја сакаат жените, а мажите модрата.

Чистите и јасни бои се попожелни од недефинираните. Омилени комбинации се контрасните бои или соседните на палетата На крај се еднобојните и монохроматските комбинации. Сколоноста на луѓето се кон боите може да се подели во две групи. Луѓе кои  што ги сакаат топлите бои и тие обично се срдечни, пријатни, весели, комуникативни, со дом во топли бои.

Втората група се луѓе осетливи на студените бои и тонови. Тие се поповлечени, порезервирани со луѓето, потешко се прилагодуваат и  позаинтересирани за сопствениот внатрешен свет.

Боите несвесно влијаат на нашето расположение. Секоја боја има свој ментален и емоционален ефект на луѓето

Црвената е класична боја, полнокрвна, буди сексуалност, еуфоричност, раздразливост, Психолошки делува силно  и возбудувачки. Црвеното светло го забрзува дишењето, го зголемува крвниот притисок и мускулната напнатост., потсетува на врелина и возбуда. Најмногу ја носат луѓе чија основа на карактерот е волја и изразена животна снага. Има најсилен интензитет и најсилна моќ.

Розовата е ублажена црвена боја па така и нејзиното дејство. Делува понежно и неусилено. Најмногу ја сакаат жените, но не и помладите. Делува слаткасто, срамежливо, нежно, и посебно.

Портокаловата делува доверливо, свечено , весело. Во неа се чувствува здравје и сончева снага, се спојуваат активноста и духовноста и произлегува животна радост. Омилена им е на интелектуалците, креативците и духовните луѓе. Симболизира плодност, сјај, богатство.

Жолата боја делува поттикнувачки,,ослободувачки, олеснувачки. Таа е боја на интуицијата, на душевната слобода. Делува радосно  и им се допаѓа на повеќето луѓе. Таа е спона меѓу светлината и мудроста

Зеленета и модро сината се духовни бои. Тие во суштина се атмосферични, благо смирувачки. Оддаваат впечаток  на безграничност и просторност. Психолошки делуваат пожелно , природно и смирувачки, создаваат внатрешен мир и стабилност. Тоа е вибрација на индивидуалност, суштина и свежина. Зелената боја симболизира мир, студенило и влажност. Долготрајната употреба на зелената боја може да доведе до рамнодушност. Модро сината симболизира удобност, јаснотија, тишина и верност.

Виолетовата делува магично, воодушевувачки, свечено, отмено. Симболизира  меланхолија, опојност.  Старите народи оваа боја ја поврзувале со трпение и ја носеле како симбол на покорност. Виолетовата секога покажува колебање меѓу чувствата и силата.  Ублажува  болка и  затоа ја нарекуваат  морфиум боја.

Белата воопшто не се смета за боја туку на спој од сиот спектар на бои. Психолошки делува позитивно, таа е светлина, нежност, чистота. Исто  така претставувааи празнина зашто нема такви ефекти како другите бои. Симболизира единство, невиност, среќа, чесност и независност. Според истражувањата на психолозите, кај помладите луѓе предизвикува меланхолија и чувство на осаменост.

Црната боја  е темнина, симболизира жалост, грижа и неволја. психолошки предизвикува чувство на празнина и страв кај луѓето, насилност и конфликтност, ги впива сите бои. Во комбинација ги потенцира  топлите, а го намалува интензитетот на студените бои.  Црвени ружи на црна коса се двапати повпечатливи од истите ружи на бел фустан. Црната боја. Црното е подредено, потиштено и длабоко, контраст на светлината. Но, во комбинација со други бои кои доминираат дава животен изглед .

Затоа внимателно бирајте ги боите. Прилагодете го своето опкружување на себе , но и себе си на опкружувањето. 

Соња Стојановска