ПРИРОДА

Едукативно-забавен настан за најмладите

27.09.2019 13:58

“Природата- минато, сегашност и иднина на секоја генерација”

Под мотото- “Природата- минато, сегашност и иднина на секоја генерација,”во текот на денешниов ден  беа  одржани 4 работилници  во кои беа вклучени  предучилишни установи и основни училишта од Општина Кисела Вода и Аеродром. Овој едукативно- забавен настан го организираше Здружението “Нов импулс”, во дворот  на Цементарница “Усје”, која како општествено-одговорна компанија ги  поддржа активностите на најмладите .Со многу забавни содржини, едукативен квиз и музички точки беше исполнето ова интерактивно дружење, исполнето со смеа, забава и едукација, што на едно место ги собра најмладите дечиња од предучилишните установи, но и поголемите ученици од основните и средните училишта во градот.

Да се подигне свеста на децата за природата, за неопходноста од  чиста  околина и здрава исхрана ,беше основната цел на овој настан.

Јасмина Никова