ДЕТСКО СЕЛО

Активности на СОС Детско село

30.09.2019 09:35

Регионален проект Зајакнување на млади преку нови можности

СОС Детско село во соработка со “Херман Гмајнер Фонд”- Германија организира преставување на Регионалниот проект “Зајакнување на млади преку нови можности”, кој ќе се спроведува во Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина. Низ проектот, активно ќе се работи со 1,600 млади во социјален ризик на возраст од 16 до 35 години кои се социјално исклучени, со низок приход и немаат можност самостојно да го подобрат својот економски статус. Целта на овој регионален проект е зајакнување на младите што ќе резултира со подобрени можности за вработување и нивно активно учество на пазарот на труд. На презентацијата што  ќе се одржи во хотел “Мариот”, ќе бид презентиран и документарниот филм “Од вработливост до вработување на млади во ризик”.

СОС Детско село, од 2016 година, успешно придонесува за зголемување на вработливоста кај младите лица во социјален ризик. Оваа акција е тесно поврзана со мисијата на организацијата “Ниту едно дете не треба да расте само”, бидејќи невработеноста и сиромаштијата се едни од клучните фактори кои придонесуваат децата да ја загубат грижата од своите семејства.По успешната реализација на проектот за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади, СОС Детско село продолжува да делува во полето на зајакнување на млади во социјален ризик во рамките на една поширока регионална иницијатива.

 

Јасмина Никова