СОЛ

Во кои води има сол?

30.09.2019 11:48

И во речните води, што инаку ги нарекуваме слатки, има сол. Меѓутоа во морето испарувањето е значително посилно и побрзо, па солта повеќе се чувствува.

Од создавањето на Земјата, водата  непрекинато ги удира карпите, што  ги  има и на самото дно и ги  раствoра сите солени состојки во нив. Потоците и реките постојано носат во морињата и во океаните милиони тони сол и други солени минерали. Тоа значи дека  и во речните води, што инаку ги нарекуваме слатки, има сол. Меѓутоа  во морето испарувањето е значително посилно и побрзо, па солта  повеќе се чувствува. Сите мориња немаат иста соленост. Јужните, топли  мориња  се посолени  од  северните, студени мориња. Мртвото Море или Морето на солта е најсолено во светот и има шест до девет пати повеќе  сол отколку кој било океан во светот. Ваквите концетрации на сол  не дозволуваат живот во морето.

 

Подготви

Силвана Бојчева