Ќе се чисти покривот на Светот

04.03.2014 09:00

Непалските власти воведоа ново правило за алпинистите што ќе го освојуваат највисокиот врв – ќе мораат на враќање да донесат 8 килограми ѓубре...

Монт Еверест, покривот на Светот ќе се чисти. Непалските власти воведоа ново правило за алпинистите што ќе го освојуваат највисокиот врв – ќе мораат на враќање да донесат 8 килограми ѓубре или ќе се соочат со тужба.

На падините на Монт Еверест секоја година се собираат купишта ѓубре, од шатори, конзерви и празни боци со кислород до тела на загинати алпинисти кои не се распаѓаат поради студот.