КЛАСИЧНА МУЗИКА

Излезе првиот број на мини магазинот за класична музика

30.09.2019 14:52

Мини магазинот во издание на Филхармонија на Северна Македонија на големе задоволство веќе е претставен пред стучната и пошироката публика и ситиот ќе излегува еднаш во три месеци.

Преку овој магазин, нашата публика ќе може да се информира за настаните кои се составен дел од новата концертна сезона „Моја бесмртна љубов“.

Магазинот ја надополнува концертната промоција на програмата на Филхармонија преку кратки интервјуа со уметниците кои ќе настапат оркестарот, како и информации за композиторите и делата кои ќе бидат изведени.

Во првиот број се поместени интервјуа со диригентот Антони Вит, виолончелистот Николас Алштед, контрабасистот Рено Гарсија Фонс и виолинистот Вадим Глузман.

Магазинот визуелно се инспирира од комплетно новиот дизајн на сите печатени материјали на Филхармонија - каталог, постери, програма за концерти кои се идејно решение на дизајнерот Горан Златевски.

Автори на текстовите се на музиколозите Тина Иванова и Ангелина Димовска

Бесплатни примероци од магазинот ќе има во самата Филхармонија, но и по градските кафулиња, ресторани, туристички агенции, хотели...

 

Подготви: Татјана Грковска