Копачка културен белег на Пијанец
Меѓународен фолклорен фестивал на Танцови клубови: „Шарена стомна – Добриниште
Настап на женскиот дел од ЗГФ„Копачка“

Етнокореологијата како дел од фолклорот има длабоки корени во минатото.Уште во првобитните и пагански заедници движењата,говорот на телото,имитативните техники на привлекување или славење на успехот биле важен дел од животот на луѓето
Во Македонската етнокореологија постојат повеќе ора чии корени се длабоко во етнокултурната историја,а имаат токму имитативни елементи во својата кореолошка структура.
Трудовото оро копачка кое потекнува од делчевско-пијанечкиот регион или поконкретно од селото Драмче настанало како одраз и воодушевување од успешно завршената земјоделска сезона и прибирањето на плодовите,па затоа и во својот врв на градацијата играорците со големо воодушевување и полет ја имитираат веројатно најтешката земјоделска работа копањето и орањето.Во минатото оваа оро се играло во придружба на гајдарка и песната Дивна јуда каде што покрај симболичното копање и орање на играорците се извикувале и разни извици и псовки упатени кон неполушниот добиток во извршувањето на работата.Како втора и поатрактивна варијанта на изведба е изведбата на два тапани.
Орото се играло на цело стапало со инзвонредно автентична пластика.Прочуената група од с.Драмче или старците од Драмче како што често ја викале оваа играорна група носени од товарот на тешката работа, возбудата од подземниот екот на тапаните како и од занесот на играта се најавтетичните изведувачи на оваа оро.Структурата на орото кое се одвива во постојана градација е следна. Најпрво тапаните ги довикуваат односно собираат народот од селото кој е од раштркан карактер.Потоа играорците се фаќаат играорците за појас,ороводецот му плаќа на тапангијата и почнува орото кое во себе содржи неколку ритмички шаблони означени како ситното потоа преоден дел наречен префрлачка ина крајот копачката.
Орото копачка со својата културна повеќеслојност,кореолошка архитектура и драматургија представува вистинско ремек дело на народниот гениј- играорецот.Орото копачка во 2014 година стана составан дел од репрезентативната листа на културни нематеријални наследства заштитени од УНЕСКО.
Како подготовка за одбележување на петгодишнината од влегувањето на орото Копачка во листата на УНЕСКО, женскиот дел од ЗГФ„Копачка “,село Драмче,Делчево настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на Танцови клубови„Шарена стомна“ кој се одржа во Добриниште-Банско,Република Бугарија. ЗГФ„Копачка“ на фестивалот се представи со ора од Пијанечкиот регион.
