Банкарите на средба со претседателот Пендаровски
,,Банкарите да се вклучат во пристапните преговори со ЕУ“

Во делот на правната држава, три децении наназад, не можеме да се пофалиме со висок стандард , направен е исчекор но сеуште има многу работа, посочи претседателот Стево Пендаровски на средбата со Македонската банкарска асоцијација.Осврнувајќи се на последниот случај „Рекет“претседателот Пендаровски нагласи дека правната сигурност е предуслов за развој на економијата и на бизнисот.
Двтон Стево Пендаровски –претседател на Република Северна Македонија
„Не смее да се случи никакво евентуално вмешување на било кого од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичка страна, никакво вмешување за да се истера случајот до крај. И конечно да покажеме, после многу години независност, дека е возможно и кога се вмешани, по дефиниција по она што го знаеме до сега, високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, да покажеме дека правосудниот систем во целина може да одреагира, да ја заврши постапката, според сите закони, како што треба, во сите инстанци. “
Претседателот Пендаровски укажа на потребата од вклучување на банкарскиот еснаф во пристапните преговори со ЕУ, како најдобри познавачи на состојбите од нивната област,затоа што без луѓе од реалниот сектор, ќе добиеме лоши и неприменливи решенија. Банкарите од своја страна побараа продолжување на важноста на законот за неоданочување на приходите од камати,но и дека е неприфатлив предлогот по 5 години неактивност да се гасне сметка во банка, што особено негативно ќе се одрази на нашите граѓани што живеат во странство ,а имаат штедни книшки во домашните банки.
Двтон Маја Стевкова-Штериева –претседател на,, Македонска банкарска асоцијација“
,,Проценката е дека голем дел од сметките би биле засегнати од неактивноста и малку е проблематично како ќе се објасни .Навистина нема можност доколку се појави сопственикот и да се побараат средствата и да му бидат вратени.Но во услови на доверба , недоверба, замрзнато штедење ,обврзници ,каков би бил ефектот и каква би била реакцијата на населението, доколку се донесе ваква одредба.Знаеме дека ова постои во ЕУ и во други земји во светот , но прашањето е дали мора да се донесе сега и веднаш .“
Според банкарската асоцијација вкупниот потенцијал на домашните банки надминува 8,4 милијарди евра, од кои 5 милијарди се кредити што се насочени кон населението и стопанството, од кои нефункционални се само5,5%.
Свето Николовски
