СОРАБОТКА

Министерот за култура Исмаили се сретна со амбасадорот на Унгарија Дукс

30.09.2019 14:46

Досегашната соработка во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Унгарија беше главна тема на разговор на средбата која се одржа на 30.09.2019 година на министерот за култура Хусни Исмаили со унгарскиот амбасадор во нашата земја Ласло Иштван Дукс.

На средбата, министерот Исмаили истакна дека меѓу двете земји постои солидно ниво на соработка во областа на културата, со настапи на ансамбли и поединци од Република Северна Македонија на меѓународните фестивали во Унгарија и учество на унгарски уметници на музичките и ликовните манифестации кои се одржуваат во Македонија. Тој информираше дека Министерството за култура годинава во рамки на Годишната програма го поддржа настапот на фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ на „24-Danube Carnival International Cultural Festival“, а пак Здружението на Унгарци во Република Северна Македонија во Будимпешта,  ја реализираше манифестацијата „Македонска културна пролет“.

Исмаили и Дукс се согласија дека е потребна поголема размена на проекти и уметници, како и поголема директна соработка меѓу институциите од областа на културата, информираат од Министерството за култура.