Европски ден на јазиците
Велат јазиците се како прозорците на куќата, повеќе јазици повеќе светлина

Ист збор на многу јазици. Исто значење, а различен изговор.
ЗДРАВО HELLO HOLA PËRSHËNDETJE ПРИВЕТ ДОБРЫ ДЗЕНЬ ЗДРАВ ЙТЕ 你好 HEJ HALLO SALUT ΓΕΙΑ ΣΑΣ ZDRAVO HEJ ЗДРАВСТЕ AВУЙТHOJ ЗДРАВО
Велат јазиците се како прозорците на куќата, повеќе јазици повеќе светлина и повеќе пријатели. Ако сакаш пријатели – биди пријател. Под ова мото се одбележа Европскиот ден на јазиците во ООУ „Рајко Жинзифов“ н.Драчево-Кисела Вода, Скопје. Традиционално и оваа учебна година учениците од прво до деветто одделение, преку пригодна програма ја запознаа публиката со значењето на овој празник,со важноста од изучување странски јазици. Се пееше и се зборуваше за пријателството на македонски, англиски и на француски јазик. Во прекрасна атмосфера и одлична изведба на содржините наставниците гордо изјавуваа: Ова се нашите јунаци на денот. Несебично помагаа, соработуваа и креираа наставниците Даме Коларовски, Анета Макревска, Магдалена Бадарова, Анета Ѓуровска Арсовска, како и одделенските наставници Виолета Николин, Маја Атанасовска Спасеска, Валентина Димишковска и Елена Стојановска.
Големо браво за учениците, браво и за наставниците кои навистина блеснаа во пресрет на денот на учителите.
Подготви
Радмила Гиевска
