Нови правила за производство на млеко
Доколку сакаат да го продаваат, во иднина, фармерите ќе мораат да го намалат бројот на бактериите во суровото млеко.

Оваа обврска за нешто повеќе од една година ќе мора да се почитува иако фармерите се жалат дека откупните цени не се менуваат, без разлика на повисокиот квалитет на млекото.
Нехигиената при молзење и несоодветното чување на млекото кај малите фармери се главните причините за лошиот квалитет на производството. Сточарите со една до пет крави кои претставуваат 80 проценти од вкупниот број на фармите кај нас, велат дека за нив е голем трошок да вложуваат во лактофризери и во затворени системи за молзење.
Во Македонија само 3 отсто од фармите го задоволуваат потребниот квалитет на млекото во однос на вкупен број на бактерии. Доколку до крајот на 2020 сточарите не ја испочитуваат оваа законската регулатива тие нема да можат да го предаваат млекото, велат експертите.
Според нив вината зошто не се подобрува квалитетот на млекото се бара и кај млекарниците кои не плаќаат повеќе за поквалитетното млеко и што нема повисоки субвенции за производ со повисоки стандарди.
Земјоделците сметаат дека им е поребна едукација, а со воведување на посебни субвенции за квалитетот на млекото, ќе бидат мотивирани да произведуваат безбедна суровина.
