Формула 1

Не е брз ниту доверлив,ама лежи добро

04.03.2014 09:00

Актуелниот шампион во Ф1 Себастијан Фетел по тестовите во Бахреин вели дека новиот болид на Ред Бул не е ниту брз ниту доверлив за подолги стинтови, но верува дека 10-тината денови до стартот на новата сезона ќе бидат доволни да се надминат проблемите. А, проблемите по се изгледа не се во аеродинамиката туку во моторот на Рено. Ова го потврдува Џенсон батон од искуството на тестовоте во бахреин кога зад себе го имал Даниел Рикардо.

Според Батон новиот возач на шампионскиот тим имал доста проблеми со брзината на правците и не можел да го мине, но затоа на свиокот 11 едноставно прелетал преку него и тоа од надворешната страна. „Никогаш не сум видел такво нешто“-изјавил Батон додавајќи дека ако Ред Бул ги реши проблемите со моторот и успее да ја заврши  трката во Австралија тогаш секако ќе бидат меѓу водечките тимови.