Се намалуваат каматите на кредитите
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13 отсто, информираат од Народната банка.

Просечната каматна стапка пак на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,38 „Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,61 а просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10 отсто. соопшти НБ. Како што велат од таму надолната промена, се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула, во услови на непроменета каматна стапка на кредитите во странска валута. По три месеци непроменето ниво, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се намали за 0,03 процентни поени и во август изнесува 1,58 отсто. Банкарите и со информација , каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во август, изнесува 5,84 отсто и забележа месечен пад од 0,02 процентни поени. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа кај каматните стапки на кредитите одобрени во странска валута и кредитите во денари без и со валутна клаузула . Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,34 процентни поени. Каматните стапки пак на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула оствариле раст (за 0,14 и 0,01 процентни поени Депозитите на граѓаните во домашниот банкарски сектор растат со 10,5 отсто. Има повеќе депозити од апсорбционата способност на населението и фирмите. Најголемиот дел се депозити од физичките лица, но банкарите забележуваат на последици што може да се случат доколку почнат да се оданочуваат каматите на депозитите. Во земјава работат 15 банки и две штедилници, од кои 11 се со странски сопственик. 57 отсто од вкупниот потенцијал на банкарскито сектор е кај трите најголеми банки или 517 милијарди денари односно (8,4 милијарди евра). Шест милијарди евра се пласирани како кредити кон фирмите и граѓаните. Кај кредитите кон населението доминираат потрошувачките, а од кредитите кај фирмите во индустријата и трогијата на големо и мало. 70 проценти од средствата се финансираат од депозитите кои најголем дел доаѓаат од населението. Она на што посочуваат банкарите е дека во наредниот период треба да работат заедно и со реалниот сектор за да напават баланс меѓу кредитите за населението и фирмите. Според ова банките имаат средства за поддршка на економијата и очекуваат квалитетни проекти.
Новинар Лидија Чакар
