ИЗЛОЖБА

Самостојна изложба на Дејан Иванов Маргуш со наслов „Космички пејзажи“

02.10.2019 08:43

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на
манифестацијата „Бела ноќ“ ја организира самостојната изложба на Дејан Иванов Маргуш со наслов „Космички пејзажи“.

Изложбата ќе биде отворена на 05.10.2019 година во Кафе галерија 8 – Безистен, Стара Скопска Чаршија со почеток во 21 часот. На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во комбинирана техника.