СТРУМИЦА

Инклузивно образование

02.10.2019 09:46

Вера, надеж и љубов. Години со предизвици и свет без предрасуди. Малата снегулка која гази тивко по градот во кој сонцето најубаво свети, докажа дека сите сме исти.

Оваа љубов без  граници има сонце во очите за сите нас, таа малечка птица од Струмица ја познаваат сите. Верче е дете со даунов синдром и девојче со волшебна насмевска.

...„Благословени сме што Верче е наше дете. Ние родителите сме најбитен фактор во нивниот живот. Борбата е навистина тешка, 12 години се бориме и ги бараме правата за нашите деца. Повеќе не е табу тема дали децата со попреченост треба да бидат вклучени во редовниот образовен процес. Верче е прифатена одлично од учениците, оди во шесто одделение има персонален асистент, но недостасува и образовен да биде комплетно нејзиното образование“, изјави Анче Туфекчиева-мајка на Верче

Колку малку е потребно за среќа и убав ден. Мама Анче вели, посебна е, а кога ќе ме прашаат како сум? им велам одлично!,  затоа што за мене таа е целиот свет. Убави сме, свои сме...

 

Новинар Анита Никушева-Јованчев