Земјоделците побарале 33 милиони евра од ИПАРД 2
На вториот оглас од ИПАРД 2 програмата се поднесени 1.100 барања за финансирање на инвестиции за вкупна сума од 33 милиони евра.

Најголем дел од апликациите се однесуваат за модернизација на индивидуалните земјоделски стопанства, а помал дел за преработувачките капацитети.
На последниот оглас за средствата од ИПАРД 2 програмата до Платежната агенција се поднесени 1.100 барања во износ од 33 милиони евра.
На повикот за кофинансирање беа понудени две мерки .
За првата, за инестиции во материјални средства за земјоделските стопанства, пристигнале1.099 барања за добивање на финанскиска поддршка, а за втората за инвестиции за преработки на земјоделски и производи од риба, има помалку барања, односно само 65.
Досега се склучени 947 договори, а 874 земјоделци веќе ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на средствата, во висина од вкупно 14,1 милиони евра. На 617 апликанти целосно им се исплатени средствата и се вратени 7,9 милиони евра, средства кои се свеж капитал во агро – секторот.
Последен е примерот со инвестицијата и поврат на дел од парите преку ИПАРД за вложени 250 000 евра за модернизација на капацитет за месни преработки со зголемување на производството за 150 проценти.
