Еко акција
Децата докажаа дека со волја, со позитивен пристап и со тимска работа може да се спроведат акции кои оставаат позитивен печат.

Учениците од 7.2 одделение во ООУ„Кузман Шапкарев“ н.Драчево докажаа дека и` се другари на Земјата и чувари на природата. Овие ентузијасти успешно реализираа голема еко-акција.
Иницијатива е нивна како и целосната реализација, со поддршка од родителите, од одделенскиот раководител и од волонтерско здружение „Не биди ѓубре“.Тие беа позитивниот пример на денот. За нивната акција се заинтересираа многумина. Фалбите доаѓаа од сите страни.
„Сакаме да живееме во чиста населба! Не фрлајте ѓубре насекаде! Само редот и чистотата будат убави чувства кај човекот“.
Свесни дека ова е симболичен придонес, но со надеж дека со еко-акцијата испратија порака до целата заедница како треба да се однесуваме кон зелените површини. Веруваат дека ќе ги поттикнат и другите жители на населбата де преземат конкретни акции со кои ќе ја чуваме чиста и здрава природата.
Децата докажаа дека со волја, со позитивен пристап и со тимска работа може да се спроведат акции што оставаат позитивен печат. Им одржаа лекција на возрасните. Најавија дека нивните залагања за менување на свеста кај сограѓаните ќе продолжат и во иднина.
Подготви
Радмила Гиевска
