Страв од испрашување
Еден од големите проблеми на учениците е тремата од усното одговарање.

И покрај тоа што научената лекција е повторена пред родителите, сепак постојат ученици за кои одговарањето пред професорот е огромен стрес. Искусвтата се најчесто многу слични. Откако ќе бидат повикани за одговарање, кај ученикот се јавува огромен страв и заборава на сето она што го учел. Дланките почнуваат да му се потат, се јавува гушење, добива грчеви во стомакот, срцето почнува многу брзо да му чука и не може да прозбори..Има случаи кога професорите ги познаваат овие симптоми кај учениците, и за да ја ублажат оваа ситуација, најчесто испрашувањето го решаваат со тестови. Но стравот станува уште поголем поради неизвесност од промената на средината, запишувањето во средно училиште или на факултет, каде што на новите професори нема да им бидат познати симптомите кои се јавуваат кај ученикот кога треба да биде усно испрашуван. Психолозите велат дека ова не се нерешливи ситуации и со нив може да се излезе на крај, или самостојно или со помош на стручњаци доколку на ученикот му е претешко сам да се носи со ова. Бидејќи главниот извор на стравот од испрашувањето е страв од неуспех кој е поврзан со чувството од недоволната подготвеност за проверка на знаењето и несигурноста во своите способности и сопственото знаење, психолозите советуваат беспрекорна подготовка пред испрашувањето. Подготовката е клучна фаза на патот кон исчезнувањето на стравот од испрашување. Доколку ученикот се подготвува темелно, препорачли во е тоа да го прави наглас. На тој начин се вежба можното сценарио кое ќе се одвива во училиштето и всушност ученикот се подготвува за таква ситуација која тогаш нема да му биде непозната и застрашувачка. Иако многумина учат до последниот момент и така ризикуваат во училиштето да стигнат исцрпени, се покажало дека најдобро е ученикот да биде свеж и одморен, бидејќи мозокот најдобро функционира кога е одморен. Ден пред одговарањето најдобро е да се остави време само за повторување и за вежбање на одговорите. Исто така, она што може да помогне во совладувањето на тремата е и користењето на техники на дишење за опуштање кои можат да помогнат малку да се смири работата на срцето но и проектирање на замислена ситуација со успешно одговарање. Сепак имајте на ум дека тремата е всушност нормална реакција на ситуации во кои некој друг не проценува и дека во малечки дози позитивно делува на нашето однесување и не поттикнува на акција. Состојба на целосна, длабока опуштеност за време на одговарањето можеби е тешко да се постигне во таква ситуација, но тоа и не е поентата. Поентата е сета возбуда да се пренасочи во позитивна насока која ќе поттикне на акција и ќе донесе позитивен исход од одговарањето. Но доколку ваквите совети не му се доволни на ученикот, тогаш најдобро би било совладувањето на тремата да се надмине со помош на психолог.
