ПАЗАР НА КАПИТАЛ

,,Во фокус оданочувањето на капиталната добивка“

02.10.2019 18:01

Регулативата за работење на пазарот на капитал во најголем дел е комплементарна со европската, а е поставена и солидна инфраструктура на институции, но во поглед на материјалот за тргување не можеме да се пофалиме со некоја лепеза на финансиски производи, иако состојбата се раздвижува, изјави претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити во обраќањето на тркалезната маса за иднината на пазарот на капитал во мали и отворени економии.

Двтон Нора Алити –претседател на Комисија за хартии од вредност

,, Главни предизвици пред нас се: усогласувањето на законската регулатива со европската, барањето да продолжи неоданочувањето на капиталната добивка и задолжителната котација на друштвата.“

 Комисијата за хартии од вредност ја поддржува иницијативата да продолжи даночното ослободување на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност  за физички лица и веќе поднела  конкретен предлог до Владата и ресорот за финансии за изменување  и дополнување  на законот за личен доход. Вицепремиерот Анѓушев најави дека Владата ќе го разгледа барањето на регулаторот и на индустријата  за ваков начин на стимулирање на развојот на пазарот на капитал и ги повика друштвата со ограничена одговорност да прераснат во акционерски друштва и преку нови емисии на хартии од вредност да обезбедат капитал за натамошен развој .Берзата не очекува најавените даночни промени да влијаат на учеството на странски инвеститори ,затоа што нивниот процент е мал.

Двтон Иван Штериев-директор на ,,Македонска берза“ АЕД.-Скопје

,,Ова  е втора најдобра година  во оваа деценија,а индексот  е повторно во плус за 25% на годишо ниво, неколку години по ред.“

Податоците покажуваат дека пазарната капитализација на  котираните компании е зголемена за 10 % во првите 9 месеци во однос на истиот период лани, додека 73 од нив го  завршиле  првото полугодие  со позитивен финансиски резултат.

 

Свето  Николовски