УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

70 години учителско образование на македонски јазик

03.10.2019 09:49

На стручната средба просветните работници учествуваа со стручно излагање од предучилишно образование- детски градинки, основно, средно и високо образование и тоа наставници, стручни лица ( психолози, педагози, логопеди и др..), воспитувчи, професори, директори и други стручни лица

Регионaлен стручен  собир, Куманово 20 по повод 70 години учителско образование на македонски јазик

Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Здружение на просветни работници – Куманово и ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово, на 24 Септември 2019 годинa, во просториите на првото училиште на македонски јазик во Куманово – ООУ"Крсте Мисирков" Куманово, организираа  Регионлен стручен собир, Кумново,2019. Собирот е прв и e еден од стручните собири  во рамкитe на проектот „70 години  учителско образование на македонски литературен јазик 1949-2019“ чиишто стручни носители се проф.   д-р Атанас  и проф. д-р Јелица  Николовски.

Јубилејната, регионална стручна  средба во Куманово, што се одржа по повод 70 годишнината на првата генерација учители во македонскиот образовен систем од Учителската школа „Гоце Делчев“ –Штип, наедно беше и  промоција на просветниот работник  и на образовниот систем како двигател на промените во општеството токму на почетокот на новата  учебна година, а во пресрет на 5-ти Октомври Светскиот Ден на Учителот.

На собирот беа  поканети  по тројца претставници  од  образовните институции од општините: Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричане,Ранковце и Липково. На стручната средба просветните работници учествуваа со стручно  излагање  од предучилишно образование- детски градинки, основно, средно и високо образование и тоа  наставници, стручни лица ( психолози, педагози, логопеди и др..), воспитувчи,  професори, директори и други стручни лица . Тие имаа можност да ги презентираат своите позитивни воспитно-образовни практики, истражувачки работи и интерни проектни активности при што ја  запознаваат јавноста и институциите со својата ентузијастичка, иновативна и стручна работа којашто дава придонес  за едукација на младите и води кон позитивни промени на нашето образование на пример за развој на нашето општество.

 

Подготви

Радмила Гиевска