ИНВЕСТИЦИИ

,,Има волја да се одложи оданочувањето на капиталната добивка“

03.10.2019 18:07

Финансиските институции мора да ги следат промените што неизбежно доаѓаат,затоа што иновациите во деценијата што доаѓа ќе креираат потполно нов финансиски пејсаж,истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во обраќањето на ,,7.Ерсте инвестициска конференција “ во Скопје.

Ќе се креира  околина што ќе ја зголеми конкурентноста,а во тек е изготвување нов  закон за платежни услуги што е во согласност со ЕУ директивите,рече Ангеловска,нагласувајќи дека постои волја во насока на поддршка на интересите на бизнис секторот ,пазарот на капитал и на граѓаните за одложување на примената на законот за оданочување на капиталната добивка  и на каматите на депозитите .

Двтон Нина Ангеловска-министер за финансии

,,Можам да кажам дека има волја ,не само од аспект на поддршка на пазарот на капитал ,но и од аспект на поддршка на ефективната имплементација од воведувањето. Значи начинот како ќе се пресметува,оданочува.Разговараме за воспоставување еден ефикасен и ефективен систем за имплементација на било кои  даночни  промени што ќе ги воведуваме.“   

Во идниот период  неоходно е  фокусот да се стави  на структурните и  институционалните реформи  што ќе овозможи побрз и одржлив раст на економиите во регионот,нагласи  во обраќањето гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Двтон Анита Ангеловска-Бежоска-гувернер на Народна банка

,, Просторот за директна поддршка на економскиот раст преку монетарната политика во регионот е стеснет, во услови на веќе ниски каматни стапки и стеснет распон на каматните стапки во однос на каматата на ЕЦБ, но и во услови на зголемена глобална неизвесност.“

Рокот на државните обврзници се повеќе се зголемува ,а каматите продолжуваат да паѓаат што овозможува забрзување на економските активности,изјави  првиот човек на ,,Шпаркасе банка Македонија“ Глигор Бишев.

Двтон Глигор Бишев-претседател на УО на ,,Шпаркасе банка Македонија“

,,Добрата вест е што и во Република Македонија каматните стапки се намалуваат,историски се на најниско ниво .Рокот на државните обврзници  се повеќе се зголемува и за разлика од светската економија каде што економската активност забавува ,во Република Македонија економската активност се забрзува.“

На Седмата ,,Ерсте инвестициска конференција“ во Скопје учествуваа аналитичари и експерти  од домашниот и странскиот  финансиски сектор,а фокусот беше ставен врз движењата на пазарот на должничките  финансиски инструменти ,обврзниците .

Свето Николовски