Светски ден на Вранецот
Првиот „Светски ден на Вранецот" ќе се одржи на 5 октомври во Скопје во организација на здружението „Вина од Македонија", a во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот.

Целта на овој настан е да се потенцира важноста на локалните сорти, да се поддржат напорите на локалните винарии за зачувување на винскиот идентитет на Македонија и да се зајакне свеста на потрошувачите ширум светот за вината кои доаѓаат од нашава земја. Светскиот ден на Вранец, исто така, ќе ја зголеми препознатливоста на Македонија како винска земја на меѓународно ниво.Развивањето и промовирањето на категоријата „Македонско вино” преку најважната сорта Вранец, на интернационалните пазари ќе ја подобри и прошири позицијата на Македонија како земја која произведува вина со висок квалитет. Виното е еден од ретките домашни производи преку кој се извезува македонски бренд и преку кој со гордост се претставува земјата на странските пазари“, сметаат од здружението Вина од Македонија. За 5 ти октомври е потврдено пристигнувањето на неколку експерти за вино, како и познати вински новинари и блогери од регионот. „Светскиот ден на Вранецот“ треба да биде рамо до рамо со другите меѓународни денови кога се слават и другите сорти низ целиот свет. Трендот на одбележување на одредена сорта во последната деценија се покажал како многу корисен, особено поради неговото позиционирање на меѓународниот пазар и зголемената продажба на „прославено“ вино велат винските експерти.кои порачуваат овој настан ќе го зголеми признавањето на Балканот како вински регион и ќе ја отвори вратата за другите сорти вино.
„Вранецот е сорта што потекнува од Црна Гора и како балканска сорта се одгледува во целиот регион, но вториот дом на оваа сорта, со приближно 10.000 хектари, е Македонија. Одличните агроеколошки услови во земјава овозможуваат потполна експресија на биолошкиот потенцијал на сортата Вранец. Вината од оваа сортата се екстремно овошни вина во кои доминираат ароми од капина, темни зрели сливи и ноти на слатки зачини. Тие се препознатливи, карактеристични по својата интензивна обоеност. Успехот на Вранацот во последните години на меѓународните натпревари за вино е евидентен, но за жал оваа сорта сè уште не е доволно позната во поширокиот свет на вино.Затоа треба да се работи на промовирање на оваа сорта, што е всушност предводинк на Македонија и регионот. Идејата е да се привлече вниманието кон земјава и регионот и потенцијалот што го има.
Новинар Лидија Чакар
