Со гала оперски концерт започна „Интерфест Битола 2019“
Вчеравечер, со гала оперски концерт концерт на солисти и оркестарот на Националната опера и балет започна Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест Битола 2019“.Диригентската палка беше во рацете на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Според програмата, до 11 октомври на фестивалските сцени во Битола, ќе настапат уметници од Италија, Франција, Полска и Македонија.
Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година . Иницијатори, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје и Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме.
Ова издание е поддржано од Министерството за култура, Општина Битола, културните институции во градот и Музичкото училиште од Битола.
