Ден на учителите
Во Јапонија учителската професија е најпочитувана, учителите се најпочитувани личности, во многу продавници има посебни бенифиции за нив и кога учителот ги посетува за сопствениците претставува голема чест.

Професорот Јамамото на прашањето : Кога се слави денот на учителот во Јапонија?
Изненадено одговорил: Ние немаме празник на учителот. На ваквиот одговор уште повеќе се изненадил неговиот колега, инаку учител од нашите краишта и си помислил: Во земја на висока економија, технологија, наука, да се нема почит кон работата на учителите тоа навистина е чудно.
Професорот Јамамото го поканил својот колега, нашиот учител , на гости во неговата куќа. Во сообраќајна врвулица патувале во преполно метро, едвај стоејќи на нозе. Еден дедо ги здогледал и им направил место за седење.Учителот се заблагодарил на љубезноста, но дедото бил упорен инсистирал и тие морале да седнат.
Нашиот учител го запрашал учителот Јамамото за чинот на старецот во метрото и го добил следниов одговор: Старецот препозна дека сме учители и ни го отстапи местото како знак за почит на нашиот статус.
Во Јапонија учителската професија е најпочитувана, учителите се најпочитувани личности, во многу продавници има особени бенифиции за нив и кога учителот ги посетува за сопствениците претставува голема чест.
Во Јапонија учителите се неизмерно почитувани. Во метрото секогаш има место за нив, сите продавници се отворени за нив, не стојат во ред за билет за каков било превоз. Секој нивни ден е како празник, па затоа и немаат ден на учителот.
Оваа приказна ја раскажав со желба и нашето општество да расте на тој начин, да гради таков однос кон учителите, а учителите да бидат достојни за таква почит.
Ајде сите заедно да бидеме горди.
УЧИТЕЛУ се поклонувам пред твоето име.
Подготви
Радмила Гиевска
