Премиерни изведби за почетокот на новата сезона на Националниот балет
Утревечер со премиерните изведби на „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно и „Кармен“ од Жорж Бизе и Родион Шчедрин, во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, ќе започне новата сезоната на Националниот балет.

Диригент на претставата е Бисера Чадловска, сценограф Марија Ветеровска, костимограф Марија Пупучевска, а настапуваат првенци,гости, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Според зборовите на Габор Кевехази од Унгарија, сон на секој секој кореограф е да ги постави на сцена „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, бидејжи се тоа две прекрасни дела од двајца музички великани...„Комбинирајќи различни стилови на движења, сакам да презентирам чиста, неокласична, сложена технички и возбудлива кореографија.“
