ИСТРАЖУВАЊЕ

Недостатокот на сон негативно влијае на успехот на студентите

04.10.2019 13:59

Технолошкиот напредок, комплексноста на општественото живеење и влошувањето на состојбата со животната средина, имаат низа негативни влијанија на емоционалното, психолошкото и физичкото здравје тоа современите луѓе.

Со развитокот на технологијата  и уредите што значително  го олеснуваат животот, потребата за физичка активност значително е намалена. Младите луѓе водат неактивен животен стил, слободното време не го користат правилно, не се ограничуваат во исхраната.  Најголемиот дел од нив одат на спиење после полноќ, односно во раните утрински часови, а недостатокот на сон го компензираат за време на викендот, станувајќи многу подоцна од пладне. Ако кон сево ова се додаде и неумереното пиење алкохол и пушењето и зависноста од нездрава храна, станува јасно дека е  невозможно да  водат  квалитетен и здрав живот. Раздразливост, нервна напнатост, интензивна возбуда, постојан стрес се само дел од симптомите кај повеќето од нив.....

Со таа цел е направено едно интересно истражување на Институтот за технологија во Масасачусетс, чии резултати потврдуваат дека недостатокот на сон е штетен и значително се одразува на успехот на студентите.Истражувањето првенствено било насочено кон откривање на поврзаноста помеѓу физичкатата активност  и академските способности на студентите. Студентите што навечер спијат најмалку седум часа имаат подобри оценки, открива истражувањето.Истражувачите откриле дека студентите што имаат сон  што трае помалку од шест и пол часа, резултира со оценки што биле пониски од оценките на студентите кои спиеле еден час повеќе. Резултатите говорат и дека студентите што си легнувале по два часот наутро имале полоши оценки на тестовите, дури и ако спиеле седум часа.

Истражувањето открило и  дека студентите што имале најмалку седум часа сон ги добиле најдобрите оценки на квизовите, колоквиумите и завршниот  испит. Студентите што просечно спиеле шест и пол часа имале 50 отсто пониски оценки од учениците што спиеле еден час плус.Постојат и други фактори што влијаат врз оценките, но според ова истражување спиењето има огромно влијание .Интересен е и еден од заклучоците на ова истражување- дека студентките во континуитет добиваат подобри оценки од нивните колеги, а причина за тоа се нивните подобри навики во спиењето.
 

Јасмина Никова