РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Од полноќ пониски цени на горивата
07.10.2019 13:22
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0,75 проценти, објави Регулаторната комисија за енергетика..

Цената на еуросупер-95 се намалува за половина денара и еден литар ќе чини 68 денари.. Цените на еуросупер-98 и еуродизелот се намалуваат за еден денар.. Литар 98-октански бензин ќе чини 70, додека литар дизел ќе се продава за 62 денари..
