СКОПЈЕ ТРЧА 10К

Урнати два државни рекорди на уличната трка

07.10.2019 13:41

10 км за 31 минута, трета Скопска трка, трета среќа за Дарио Ивановски. Во женска категорија најдобра беше србинката Теодора Симовиќ со време од 35 минути. Ивановски и Андријана Поп Арсова урнаа два државни рекорди. Се трчаше и штафета, два пати по 5 км. Повеќе од 2000 учесници од 24 земји беа дел од уличната трка Скопје трча.

Веќе докажаните тркачки имиња, велат дека трендот за трчање е на високо ниво.

...„ Задоволна сум од целата организација на трката, задоволна сум и од постигнатото време, втора во домашна конкуренција кај жените и уште една успешна градска трка. Со ова Скопје и воопшто тркачите покажаа  дека се подигна трендот за трчање“, изјави Весна Кираџиева – маратонка

...„ Одлична патека, одлични услови за нас тркачите, задоволен сум од постигнатото време, но секогаш може подобро. Дека „Скопје трча“ е вистински бренд, докажаа и многубројните тркачи од земјите кои беа дел од оваа улична трка. За пример ќе ја земам Теодора Симовиќ, која е балканска првенка на 10к “, изјави Александар Кираџиев - маратонец

Спортскиот дух не ги напушта, трката за едни задоволство, за други мало разочарување. Организаторите задоволни од  третото издание на Скопје трча 10км, очекуваат дека и во иднина оваа манифестација ќе остане традиција за главниот град, но се надеваат на уште поголема поддршка и нова  градска трка во нашата земја.

 

Новинар: Анита Никушева-Јованчев