Стопанска комора за образование
,,За образование за 50% повеќе пари“

Стопанската комора на Македонија бара сериозно зголемување на средствата во буџетот за образование и тоа за половина ,односно од сегашните 3,7% од БДП на 5% .
Само на тој начин ќе може образованието да подготви стручен кадар што ќе одговори на потребите на земјата во 21-от век, сметаат од оваа бизнис асоцијација.
Двтон Наташа Јаневска-Стопанска комора на Македонија
,, Стопанската комора бара да се зголеми процентот за издвојување средства од буџетот за финансирање на образованието и тоа од 50% средства што се издвојуваат сега. Или од сегашните 3,7% од БДП да се зголеми на 5%. Словенија одвојува 4,3% од БДП,или14% помалку од просекот на ОЕЦД, додека Финска издвојува 5,7% од БДП .“
Според Стопанската комора во периодот од 2011 до 2016-та средствата за образование биле намалени од 4,6 на 3,7%.Ако се споредат вкупните трошоци по ученик во земјава со просекот на ОЕЦД резултатите се уште понеповолни, вели Јаневска.Кај нас во основното образование овој трошок изнесува 995 долари,додека во ОЕЦД дури 8500 долари или за 88,3% помалку . Во средното 1.355 кај нас ,а 10.100 во ОЕЦД,додека во високото 1198 долари наспроти 15.500 во ОЕЦД земјите.
Неповолна е и споредбата на платите на наставниците ,велат од Комората.
Двтон Наташа Јаневска-Стопанска комора на Македонија
,,Реално исплатената плата на наставниците во основното образование изнесува 394 долари.Во средното изнесува 445 ,додека во високото изнесува 626 долари.Споредено со ОЕЦД просекот на плати изнесува 3075 долари за наставници во основно образование и 3384 долари во средното образование.“
Единствени додатоци на плата за нашите наставници се за ментори и за класен раководител при што станува збор за износи што се движат од 1400 до 3042 денара.
Бизнисот истотака предлага дополнително опремување на лабораториите во училиштата,подобрување на ученичкиот стандард, проширување на дуалното образование, но за жал во ребалансот на буџетот процентот за образование бил намален, на што Комората веднаш реагирала до Владата.
Свето Николовски
