ВЕРЕТИНА

Заврши вакцинирањето за обичната свинска чума

08.10.2019 10:37

Заврши вакцинирањето за обичната свинска чума. Оваа акција на ветеринарите почна пред 2 години како превентивна мерка која создава услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свинско месо. Агенцијата за храна очекува за 2 години да добиеме статус на слободна земја од оваа добиточна болест.

Се прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума, како дел од превентивни активности, кои се презедоа во изминативе две години. Целта беше да се создаат услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде што побарувачката и цената на вид месо се зголемува.

За прекинот на вакцинацијата, ќе бидат известени Европската унија и Светската организација за здравствена заштита на животните

Очекувањата се дека со пласманот во странство на првите количества на свинско месо од земјава може да се почне во 2021 година, односно, најмалку една години откако земјава ќе престане со превентивната вакцинација на свињите, мерка која е забранета во ЕУ, а каде што болеста е успешно искоренета и ставена под контрола.

Во 2018 година спроведен е вонреден, а годинава и редовен попис на одгледувалиштата, во рамки на кој се евидентирани вкупно 2.315 свињарски фарми со 125 илјади товеници.