Нобелова награда за мир 2019
Заев и Ципрас кандидати за наградата

Нобеловата награда за мир е една од петте Нобелови награди оставени во наследство од шведскиот индустријалец, изумител и производител на оружје Алфред Нобел заедно со наградите од областа на хемијата, физиката, психологијата или медицината и литературата. Од 1901 година, наградата се доделува секоја година со некои исклучоци. Според Нобеловиот тестамент, наградата за мир треба се додели на личноста која „ќе има направено најмногу за заедништво помеѓу нациите, за укинување или намалување на веќе постоечките вооружени сили и за залагање и пропагирање на мировните конгреси“. Тестаментот на Алфред Нобел одредува да наградата се доделува од страна на комитет од пет члена избрани од Норвешкиот парламент.
Нобеловата награда за мир за 2019 та година ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг. Шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг е номинирана, благодарејќи на нејзините активности во борбата против климатските промени. Тројца норвешки пратеници ја предложија 16-годишната активистка, која списанието „Тајмс“ ја прогласи за еден од највлијателните тинејџери за 2019 година, за Нобелова награда за мир. – Ја номиниравме Грета бидејќи заканата од климатските промени може да биде една од најважните причини за војна и судири, истакнаа тие. Тој додаде дека големото движење кое Грета го започна е „многу важен придонес за мирот“.
Шефот на Институтот за истражување на мирот во Осло Хенрик Урдал изјави дека е „сосема неверојатно„ 16-годишната активистка да ја освои наградата, додавајќи дека нејзината возраст работи против неа. Најмладиот лауреат на Нобелова награда за мир е Малала Јосафзај, која ја доби наградата во 2014 година на 17-годишна возраст.Еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).
“Мора сериозно да ја разгледате наградата за постигнувањата на двајцата премиери, кандидати за Нобеловата награда за мир во 2019 година”, посочуваат во писмото, 33-цата евро-пратеници, со што ја поддржаа од свое име номинацијата од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Видед Бушамауи.
Пратениците од 16 земји и целиот политички спектар, со исклучок на екстремната десница, кои припаѓаат на шест политички групи во Европскиот парламент, напишаа писмо до Норвешкиот Нобелов комитет во кој ги препорачуваат премиерите на Грција и Северна Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, за Нобеловата награда за мир 2019 година.“Ова е првпат да се постигне таков пионерски договор на Балканот.Номинацијата за Нобеловата награда за мир ја пренесува пораката дека храброста и прогресивно размислување надвор од националните границите треба да бидат наградени “, се вели во препораката од 33-цата пратеници.
Јасмина Никова
