БРЕГЗИТ

Преговори меѓу лондон и Брисел

08.10.2019 14:06

До крајот на недела се очекува одлука за договорот

Европската комисија со критика за британскиот предлог Брегзит, барајќи итно функционално решение. Разликите околу ирската граница и натаму главна спорна точка на релација Лондон-Брисел.

Уште една неизвесна седмица ВО преговорите меѓу Лондон и Брисел за Брегзит. Британската влада во нов обид да ја придобие поддрршката од УНИЈАТА откако премиерот Џонсон го претстави конечниот план за разделбата со блокот. Во него е опфатено алтернативно решение за ирската граница. Џонсон и натаму инсистира дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври, со или без договор. Но според законот кој го усвоија пратениците во Вестминстер минатиот месец, тој ќе мора да бара од ЕУ уште едно ОДЛОЖУВАЊЕ ако Парламентот не ГО усвои договорОТ до 19 октомври И доколку пратениците не се согласат на сценарио без договор.

Борис Џонсон - Премиер на Обединетото Кралство

Нашиот предлог е разумен и фер. Го следи Договорот од Велики Петок, мировниот процес во Северна Ирска. Гарантира дека нема да има граница, цврста граница, ниту контролни проверки на самата граница меѓу Северна Ирска и Ирска. Им дозволува на двете Ирски да останат во сојуз, и за земјоделските, и за прехранбените производи, и за сè друго.


За ЕУ е проблематичен предлогот за децентрализирани гранични проверки бидејќи, според Брисел, тие би ја нарушиле економијата на островот и би го загрозиле единствениот европски пазар. Планот му дава право на Парламентот во Стормонт во Северна Ирска, а со тоа и на Унионистите, - сојузник на Ториевците– да стави вето на ирските процеси за регулирање. Лидерите во Брисел без волја за дополнителен компромис за договорот со Лондон.

Мина Андреева - Портпарол на Европската Комисија

Сите сме согласни дека е потребно функционално решение сега, а не нешто што се заснова на непроверени планови кои може да се отповикаат и кои би биле оставени за преговарање во преодниот период. Поднесените предлози од Обединетото Кралство не ги исполнуваат сегашните цели на протоколот на Ирска и на Северна Ирска. Со ова се согласува и Европскиот парламент и сите земји-членки.

Во меѓувреме, еден британски медиум информираше -доколку во наредните неколку денови не биде постигнат договор, спогодбата веројатно нема да заживее повторно. Даунинг стрит се уште не го демантираше текстот, според кој се спомнува и дека Обединетото Кралство ќе се обиде да ја попречи работата на Унијата ако Брисел не се согласува со најновите ставови на Лондон.