УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

За денот на учителот

08.10.2019 09:28

Оваа професија што е најблиска до родителската улога е и многу привилегирана затоа што добива прекрасни насмевки, цртежи, пораки и порции гушкање.

Да се биде учител, е најблагородната,најубавата но и многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување. Учителот знае дека она што се  гради со љубов и со вистина, ќе остане засекогаш. На особен начин е поврзан со своите ученици, но и со сите кај кои постои желба, мотивација, интерес да влезат во светот на новите сознанија. Ако се гради, внимателно архитектот знае дека неговата градба може да трае со векови.

Оваа професија најблиска до родителската улога, е и многу привилегирана  затоа што добива прекрасни насмевки, цртежи, пораки и порции гушкање.

По повод Денот на учителот во училиштето „Рајко Жинзифов“ – Драчево беше реализирано литературно творење на учениците во склоп на своето одделение, заедно со своите наставници, како во централното училиште така и во подрачното училиште. Учесници беа сите ученици од четврто до деветто одделение од кои некои твореа на својот мајчин јазик. Во оваа активност беа вклучени голем број ученици кои со своите творби придонесоа да има квалитетен избор на успешни творби. За овој настан да има убав естетски и свечен чин, литературните творби беа читани во просториите на училишната библиотека во присуство на директорката на училиштето Љубица Наумовска, како и педагогот, психологот, дефектологот и сите одделенски раководители со своите ученици - учесници на овој настан. На учениците за нивните творби им беа доделени пофалници за активното вклучување во одбележувањето на овој ден, а од нивните творби во училишната библиотека ќе биде изработена и испечатена соодветна литературна збирка.

Пофалби заслужија и одговорните наставници: Татјана Трпеска, Каролина Коларовска, Љуба Мишевска.

 

Подготви

Радмила Гиевска