Светска банка за регионот
Економскиот раст во регионот на Западен Балкан годинава забавува по краткотрајното заживување на инвестициите,а единствено Косово и Северна Македонија имаат позитивен тренд се вели во редовниот извештај на Светска банка за шесте земји од регионот.Банкарите од Вашингтон ја ревидираа прогнозата за нашиот економски раст од 2,9 на 3,1% за 2019-та.

Двтон Марко Мантованели –директор на Канцеларија на Светска банка во Скопје
,,Има два исклучока. Еден е Македонија каде што позитивниот тренд на растот продолжува, што е позитивно и вториот е Косово.Ова се двете економии кои што споредено со минатата година продолжуваат да растат.“
Невработеноста е на историски најниско ниво, но растот примарно не го движат инвестициите ,укажуваат банкарите , а потрошувачката продолжува да биде главен двигател на економската активност во земјите од Западен Балкан, поттикната од повисоки јавни трошоци и скоро двоцифрен раст на кредитирањето на домаќинствата.
Двтон Сања Маџаревиќ-виш економист во Светска банка
,, Најголемиот придонес кон растот доаѓа од потрошувачката ,а не од инвестициите и не од нето извозот,иако извозот расте . Придонесот на увозот го намалува овој позитивен ефект од извозот врз растот.
Светска банка предупредува растот на платите да го следи растот на продуктивноста, во спротивно ќе биде загрозена конкуретноста на економијата.
Двтон Бојан Шимбов-економист на Светска банка
,, Во првата половина од 2019-та има пораст на реална основа на платите повеќе од 2% .Секое натамошно административно зголемување на платите треба да биде проследено со соодветна анализа за да нема несакани последици на конкурентноста на економијата.“
Северна Македонија заедно со Молдавија,Ерменија и БИХ има најголем одлив на високо образувани кадри, што претставува сериозен предизвик за земјата и затоа треба да се внимава на миграциите и стареењето на населението ,бидеејќи има влијание врз пазарот на труд, смета Маџаревиќ.Спопред неа фискалните трошоци за субвенционирање не се толку високи, не ги користат други земји и треба да се види дали ќе бидат мотивирачки за компаниите.
Свето Николовски
